Мицкоски: Ако „Вреди“ сакаат да ја напуштат Владата - Нека им е со среќа
Ако „Вреди“ планира да ја напушти Владината коалиција тогаш нека им е со среќеа рече денеска премиерот Мицкоски прашан за коментар на изјавата на Халил Снопче, пратнеик од Вреди кој вчера во телевизиско гостување рече дека ако помине Законот за бранителите тогаш тие ќе ја напуштат Владината коалиција.
Халил Снопче, заменик лидер на Алијанса за Албанците (крилото на Арбен Таравари“, изјави дека доколку се укине Законот за употреба на јазиците – албанскиот јазик и се одобри Законот за „бранители“, ВРЕДИ ќе излезе од Владата.
Тогаш Влен нема да има место во Владата, рече Снопче во дебатниот магазин „Клик Плус“на ТВ21
„Поради руско влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш ВРЕДИ нема место во Владата. Какво место во Владата? -, рече Снопче.
„Нека им е со среќа“ – кратко одговори Мицкоски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа