ВМРО-ДПМНЕ: Ивица Б. не е шеф на обезбедувањето на Мицкоски, но е ангажиран како дел од обезбедувањето
„Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од опозициската партија во однос на инцидентот на полициските службеници кој се случи вчера пред скопски локал.
„Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници.
По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата.
Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот“, велат од опозициската партија во соопштение испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа