ВМРО-ДПМНЕ: Грдото лице на СДС и ДУИ, Филипче и Фрчкоски, арамии на државната каса

Грдото лице на СДС и ДУИ, Филипче и Фрчкоски, арамии на државната каса, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Љубомир Фрчкоски како претставник на Македонија во Њујорк не дал отчет како ги трошел народните пари.
 
Венко Филипче како министер за здравство нема тендер кој не проба да го протне со сомнителни ликови од жути@јаху, до провизијата со вакцините во ек на Ковид.
 
Филипче пред заминување од позиција гласно пропагираше приватизација на јавното здравство.
 
Филипче јавно тврдеше дека државата не треба да гради болници, туку тоа да го прават фирми, а државата да изнајмува услуги од нив.
 
Филипче се враќа во политиката од две причини, првата да се обиде да се спаси од одговорност, за кога ќе биде гонет да алудира на политички притисок и втората, со желба некогаш да дојде во позиција да ги реализира своите мрачни идеи за здравството, кои ќе значат крах за пациентите, а добивка за поединци блиски нему“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
09.07.2024 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега