Меџити најави нови шест еколошки автобуси за Град Скопје

 

Нови шест еколошки автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје најави првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.

Сепак, на прес-конференција за отчет за сработеното во првите 100 дена Влада, не кажа повеќе детали.

Меџити уверува, еден од приоритетите на Министерството е аерозагадувањето.

„Работиме интензивно на тоа. Град Скопје ќе добие 6 еколошки автобуси. Мислам дека со проширувањето на централното греење и да се развие на ниво на градот и урбаните средини, и во иднина со гасификација на државата и со мерките што ги преземаме, полека но сигирно ќе го решиме тој проблем. За проблемот со загадувањето не постои само една мерка“, рече Меџити.

06.10.2024 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега