Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата од која се запленети 30 тони марихуана работела со пропусти

    ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата од која се запленети 30 тони марихуана работела со пропусти

    17.02.2026 во 10:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС, Венко Филипче и Зоран Заев биле и се синоним на криминал и корупција. Нема пора во општеството да не се копне и од таму да не излезат криминалите на Заев и Филипче, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Но, со последните сомнежи и индиции за нелегално производство и трговија со марихуана, дуото Филипче и Заев се надградиле со вмешаноста во наркопазарот.

    Филипче гордо фотографиран со поранешниот функционер на СДС, човек близок до Заев, Тони Котев, вистински сопственик на фирмата Ц„БД медплант“ за медицинска марихуана, која од своите почетоци работи со пропусти.

    Наспроти тврдењата на Филипче дека додека тој бил министер сè било во ред и дека фирмата работела прописно, информациите што стигнаа до нас го говорат спротивното. Односно, за да се складираат 30 тони дрога, колку што беа запленети, треба да помине процес од речиси четири до пет години, а тоа значи дека фирмата на Котев противзаконски работела уште од времето кога Филипче и Заев беа власт.

    „ЦБД медплант“ лиценца за медицински канабис исто така доби токму од Заев и од Филипче во 2020 година во период кога сакаа да ја легализираат марихуаната и со тоа државата да ја направеле светска туристичка дестинација и на голема врата ја промовираа продажбата на цвет од канабис.

    За потоа во 2023 година по нивна насока да се смени подзаконски акт, односно правилникот за одгледување марихуана.

    Дали поради сето ова, денес Заев и Филипче се преправаат дека не го познаваат лицето Тони Котев, со кој до вчера, додека им течел бизнисот, гордо, рамо до рамо, се фотографираа.

    Се плашат ли Филипче и Заев од целосно расчистување на случајот и дали се точни нашите информации дека двајцата имаат удел во бизнисот со марихуана, па толку голема им е паниката?

    Затоа ли патувањето на Филипче кон Грција и јавувањата на Заев кон поединци во Царината се случуваат во тој период и дали случајно и поранешен висок функционер е вмешан во овој наркобизнис на Филипче и Заев?

    Наспроти негирањето и дефокусот од СДС, едно е сигурно, како поминува времето, сè се расчистува и индициите за криминалот со марихуаната водат до Филипче и Заев.

    Одговорност мора да има, затоа Јавното обвинителство целосно да го истражи и расветли случајот.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.