ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев
„Новиот“ тим на потрчкото на Заев, Венко Филипче се луѓе кои биле членови на поранешни НВО и Сорос активисти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Или Филипче само потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот.
Аврамовска Мадиќ, не може да биде новото лице на СДС. Истата таа, ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ.
Потрчкото на Заев, Филипче е само една обична марионета, која слепо ги следи наредбите на Зоран Заев, само за да не одговараат пред надлежните институции.
Сегашното раководство на марионетата на Заев, лица од третиот и четвртиот ешалон во СДС, се лица кои се деца на Заев, израснати во СДС и одработуваат за нивниот лидер.
Поради нив, Македонија седум години тонеше на економско, културно, здравствено и секое друго општествено поле. Тие се виновници за лошата инфраструктура, тендерите во здравството и обезличувањето на македонскиот народ.
Ова е убедливо најлошиот избор во раководството на портчкото на Заев, бидејќи и самиот тој Филипче, не верува во луѓето што ги постави да бидат до него“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа