Каде да се сокриете во случај на Трета светска војна - Ова се 10-те најбезбедни места на планетата

 


Со зголемувањето на геополитичките тензии, прашањето за безбедноста станува сè поактуелно. Доколку избие Трета светска војна ова се десетте најбезбедни места според експертите.

  • Антарктик: Изолацијата и екстремните услови го прават овој континент идеално засолниште, иако не е лесно пристапен и не нуди удобен живот.
  • Фиџи: Оваа островска држава во Тихиот Океан е позната по својата мирна надворешна политика и одличните природни ресурси.
  • Исланд: Оваа северна земја е географски изолирана, богата со природни ресурси и има стабилна политичка клима.
  • Гренланд: Како автономна територија на Данска, Гренланд е оддалечен и политички неутрален. Неговата клима и терен го прават непривлечен за освојувачи.
  • Нов Зеланд: Оваа островска држава со богата природа и стабилна демократија е често споменувана како едно од најбезбедните места на светот.
  • Бутан: Опкружен со Хималаите, Бутан е тешко достапен и има долга традиција на неутралност.
  • Ирска: Како воено неутрална земја, Ирска би можела да избегне директно вклучување во глобален конфликт.
  • Швајцарија: Позната по својата неутралност и бројните бункери, Швајцарија е добро подготвена за кризи.
  • Индонезија: Оваа голема архипелагска земја има голема територија и традиционално неутрална надворешна политика.
  • Тувалу: Оваа мала островска држава во Тихиот Океан е економски и политички незначајна, што ја прави малку привлечна цел за напади.
02.12.2024 - 22:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега