Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје: Шестгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа со тротинет и автомобил
    • Се преврте автомобил во Скопје – повредени две млади девојки
    • „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје
    • Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар
    • „Ќерката ме претепа со тврд предмет и ми се закани“ – Скопјанец пријавил во полиција
    • МОН повлекува 33 учебници од прво до петто одделение
    • Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија
    • Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче освен за марихуана економија, тој е и за прво Бугари во Устав, па сè останато

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче освен за марихуана економија, тој е и за прво Бугари во Устав, па сè останато

    01.10.2026 во 09:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче почнува да се губи на политичката сцена, а СДС ја претвора во маргинална партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Внатрепартиски раскаран, во државата Филипче за се е против, не сака инвестиции, не сака развој, не сака индустрија, рудници, дата-центри, му смета се што значи развој на земјата и подобар живот за граѓаните.

    Но, сепак, има нешто за што е Венко Филипче. Освен за марихуана економија, тој е и за, како што и самиот изјави, прво Бугари во Устав, па сè останато. 

    Очигледно Филипче наумил, по стилот на неговиот струмички ментор Зоран Заев, ново предавство на националните интереси и, бланко, прифаќање на се што доаѓа од Бугарија, да прифати. 

    Тоа што Венко Филипче треба да направи е јавно да одговори пред македонската јавност, неговите сопартијци со кои секој ден се кара, пред македонските граѓани, дали зад ваквата негова изјава стои нов бизнис договор на штета на македонските идентитетски обележја и државни интереси? 

    Практиките на тргувањата со националните интереси за лични придобивки и бизнис интереси веќе ни се познати од минатото од Зоран Заев, ментор и духовен лидер на Филипче, кои заедно на власт потпишаа капитулантски договор, сменија име на држава, прифатија бугарски диктат.

     Народот веќе ги има прочитано и СДС и чиракот на Заев, Венко Филипче и нема да им дозволи за свои интереси да си играат со судбината на државата и идентитетските прашања, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во сојуз со граѓаните за заштита на националните интереси и државниот развој.

     А, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како што до сега водеше политики кои носат инвестиции, раст на економијата и БДП кој во последниот квартал стигна до 4,3%, нови работни места, повисоки плати, инфлација пониска од еврозоната, во време на светска енергетска криза цените на горивата се најниски од земјите во регионот, така и понатаму ќе продолжи посветено да работи во интерес на граѓаните и државата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36

    „Аирлија нека е“ – Мицкоски со добра вест за граѓаните

    20.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.