ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја стави Македонија на високото петто место во Европа по смртност од КОВИД - 19

 

Неспособниот Филипче ја стави Македонија, во последниве две недели на високото петто место од вкупно 33 европски држави по стапката на смртност од КОВИД – 19 на 100 илјади жители. Гробарот Филипче секој ден закопува членови на многу семејства.Филипче ги има сите ресурси да помогне, а што направи тој целосно потфрли!

Ова денеска го соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека секој ден се случуваат трагедии а многу семејства.

-Секој ден огромни загуби на човечки ресурси во општеството. Нема терапија се секого и секаде, нема услови за лечење на болните, медицинскиот кадар е исцрпен, здравствениот систем нефункционален, и сето ова поради Филипче. Време е за оставка и одговорност! Филипче оставка – веднаш, се вели во дописот од ВМРО-ДМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега