Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите

    27.05.2026 во 09:17Updated:27.05.2026 во 09:383 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека СДСМ и претседателот на партијата Венко Филипче, како и лица од нивното раководство, би можеле да спроведат политики поврзани со уставни измени доколку дојдат на власт.

    Во соопштението се тврди дека евентуални идни уставни измени би можеле да вклучуваат внесување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, што ВМРО-ДПМНЕ го оценува како политички неприфатливо.

    Од партијата наведуваат дека ваквите ставови се поврзани со прашања за идните политички одлуки и односот кон уставните измени.

    Иако знаат дека впишувањето на околу две, три илјади граѓани кои себеси се чувствуваат како Бугари не се последното барање или ултиматум кој доаѓа од источниот сосед.

    Следни на маса за отстапки ќе бидат македонскиот јазик, култура, историја, идентитет и на ултиматумите и бугарските диктати ќе им нема крај. Тоа Филипче го знае, затоа што се е јавно кажано, само на него и на СДС им одговара да зборуваат дека Бугарите во Устав се последното барање од Бугарија и единствениот услов за продолжување на евроинтегративниот пат на државата.

    Но, како послушник и пиун на Румен Радев, Филипче се претвори во главен лобист во државава за прифаќање на бугарските диктати. Затоа потсетуваме на видеа од 2019 година, кое повторно стана актуелно на социјалните мрежи, од говор на Радев како тогашен претседател на Бугарија пред голем аудиториум на конференција во Русија, на којшто присуствувал и Владимир Путин, говорел за македонската историја во бугарски контекст.

    Во своето тогашно обраќање, Румен Радев зборувал и дека Гоце Делчев е Бугарин и дека писменоста кај словенските народи дошла од Бугарија, а не од Македонија 

    Во тоа време владата во Македонија ја предводел Зоран Заев, а Венко Филипче беше министер и од нив како тогашна власт немаше никаква осуда за конкретниот говор на Радев, како што немаа реакција ни за изјавата на бугарската министерка која нè нарече северномакедонци.

    Оттука јасно е дека бугарските власти немаат намера да застанат само на Бугарите во Устав, туку нивната намера е комплетно да ја редефинираат македонската историја, македонскиот јазик, култура и идентитет. И за тоа подизведувачи им се СДС и Филипче.

    Филипче јасно покажува дека доколку дојде на власт би им дозволил на Бугарите без никаква задршка, великанот Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Даме Груев да бидат Бугари кои се бореле за бугарската држава, а Кирил и Методиј да бидат бугарски просветители кои ги описмениле словенските народи. И после тоа, секако би следел и македонскиот јазик кој за нив нема да е проблем да речат дека постои од 1945 година, исто како и дека македонскиот идентитет е од по втората светска војна, а дека се пред тоа било бугарско.

    Од СДС и Венко Филипче друго и не се очекува, кога во свои редови го има Стево Пендаровски кој исто како и бугарските власти мисли за Гоце Делчев, како и Рубин Земон кој вели дека Делчев ништо не направил за Македонија.

    Но времето на предавствата на СДС, Филипче и Заев и на националните и идентитетски отстапки заврши.

    ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните кои ја ценат и поддржуваат нашата достоинствена политика која носи просперитет и благосостојба на македонскиот народ, тоа нема да го дозволат.

    Време е за реформи, не за прифаќање ултиматуми и уцени на штета на македонските идентитетски обележја.

    Влада
    Прочитај повеќе

    Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра

    23.09.2026 во 14:30

    Манасиевски: Николовски избега од соочување на суд, отворивме прашања за луксузен имот, милионски зголемени бизниси и ИПАРД грантови

    23.09.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.