ВМРО-ДПМНЕ: Двојна победа во Тетово, предвремени избори веднаш
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека издвојувала двојна победа во Тетово и побара предвремени парламентарни избори и оставка од премиерот Димитар Ковачевски.
-ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, а БЕСА ја победи ДУИ во Тетово. Владејачката коалиција нема никаков легитимитет да продолжи да ја води државата. Народот јасно кажа дека СДСМ и ДУИ се минато. Очекуваме Ковачевски да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш. Само предвремени парламентарни избори се решение. СДСМ и ДУИ владеат без поддршка од народот, и работат само за себе и своите криминални дилови. Ковачевски веднаш да си даде оставка. Секој ден поминат на власт, ќе биде илјадници гласа минус за него на наредните избори. Народот е јасен, Ковачевски нема легитимитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа