ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата дека со изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – зазема позиции кои, според партијата, не ги штитат македонските интереси.
Од владејачката партија поставуваат прашања за можни контакти и комуникација меѓу поранешниот премиер Зоран Заев и бугарскиот претседател Румен Радев.
„Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев? Дали има комуникација и средби помеѓу нив?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата го поврзуваат ставот на Филипче со бугарската политика и бараат тој да одговори на прашањата што ги отвораат во реакцијата.
„Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ прашува и дали зад ваквите политички позиции стои, како што тврдат од партијата, „нов бизнис-договор“.
Од партијата велат дека Филипче треба да даде одговор на овие прашања.


