Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Деаноски се луксузира на Јадранот на грб на работниците

    ВМРО-ДПМНЕ: Деаноски се луксузира на Јадранот на грб на работниците

    01.06.2026 во 09:211 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Трпе Деаноски, претседател на гранковиот синдикат УПОЗ и член на претседателството на ССМ, избрал лица блиски до СДС кои се членови на синдикатот и организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, кои чинеле 60.000 евра.

    Во соопштението се наведува дека станува збор за активности организирани во рамки на синдикатот, за кои, како што тврдат од партијата, биле направени трошоци во споменатиот износ.

    Привилегирани лица добиле можност да учествуваат на овие спортски игри, иако УПОЗ брои над 3.000 членови. Разочарани членови на синдикатот кажаа дека предност добиле лица кои се блиски до СДС.

    За ова Деаноски во јавноста почна да шири празни флоскули и демагогии.

    Раководството на ССМ продолжува да покажува дека веќе се оддалечува од членството. Наместо да се борат за правата на работниците, целосно го имаат запоставено значењето на синдикатот и што тоа значи. Затоа, ССМ секојдневно губи се повеќе членови и затоа се повеќе го губи легитимитетот.

    Синдикатите постојат за заштита на работничките права, не постојат за членови на претседателството на ССМ да се луксузираат на Јадранот на грб на работниците, кои плаќаат чланарина, за Деаноски да може чланарината да ја троши на спортски игри каде учествуваат само привилегираните.

    Влада
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.