ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение до јавноста велат дека очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби.

-Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра. Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт, велат од владејачката партија во соопштението испратено до јавноста.

Прашуваат: Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?

-Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара. Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има, завршуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version