Матурската екскурзија, која требаше да биде најубавиот спомен од средното образование, се претвори во вистински кошмар за група ученици за време на нивниот престој во познатото летувалиште Љорет де Мар. Она што започнало како мирно патување низ Европа, финиширало со масовен грабеж во хотел во Шпанија, каде една третина од собите биле буквално испразнети.
Според сведоштвото на еден од учениците споделено на социјалните мрежи, хотелот бил целосно небезбеден, со камери само на приземјето, што им овозможило на крадците непречено да дејствуваат.
„Крадец влегол во хотелот со намера да ограби одредени соби и дури имал нож со себе, но бил побројно помал од целиот Балкан. И мислевме дека тоа е крајот. Третиот ден бевме во Барселона и хотелот беше празен… Се враќавме кога еден пријател доби известување дека се потрошени 100 евра на неговата картичка што ја оставил во собата. Во автобусот веќе владееше општа паника“, раскажува ученикот.
Крадците влегле во собите преку терасите поврзани со противпожарните скали. Жртвите тврдат дека биле украдени цели куфери, пари и лични предмети, а биле обиени дури и сефовите за кои персоналот тврдел дека се сигурни.
Учениците последната ноќ ја поминале во страв, спиејќи по десетмина во една соба, додека полицијата и хотелскиот персонал, според нивните тврдења, покажале целосна незаинтересираност за случајот.


