Од денес со почеток од 12:00 часот до 22:00 часот и секој нареден ден до надминување на проблемот (затворен патен правец во Албанија поради оштетување на мост) ќе бидат пропуштани товарни моторни возила (празни и полни) од албанска страна на граничниот премин Блато, притоа напоменуваме дека сите ТМВ кои што се за фитосанитарен преглед – прегледот ќе може да се направи до 18:00 часот, соопшти Макам Транс.

Од Макам Транс напоменуваат:

1. Товарените возила со себе да имаат кантарски белешки од местото на утовар или при влез во Албанија да имаат нивна кантарска белешка (на Блато нема вага).

2. Сите кои ќе влезат со полни возила, претходно да побараат од назначената шпедитерска куќа да ги внесат податоците во царинскиот систем за да може цариникот да ги спореди податоците, затоа што на Блато нема шпедитери кои би ги изработувале документите.

3. За сите кои превезуваат производи кои подлежат на ветеринарен преглед или се работи за акцизна стока ќе мора да го користите граничниот премин Блаце како премин за влез во државата.

Exit mobile version