Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Македонскиот крем – Де ла крем на концертен предновогодишен спектакл со еден зеназборавен концерт…Сузана, Наум, Миле и Баже и нивните гости во кафеанска ноќ за паметење
    • Серија апсења во Скопје
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос
    • Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите
    • „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Дали Јакимовски се плаши дека ќе излезат на виделина сите криминали, тендери во четири очи и матни зделки за време на неговиот мандат

    ВМРО-ДПМНЕ: Дали Јакимовски се плаши дека ќе излезат на виделина сите криминали, тендери во четири очи и матни зделки за време на неговиот мандат

    07.11.2025 во 09:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стевчо Јакимовски наместо да покаже политичка култура и да честита на изборниот победник, се обидува да го минимизира поразот и да бара изговори преку создавање на алиби за изборни нерегуларности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Јакимовски наместо да се теши по неуспехот во Карпош, да се помири со фактот дека граѓаните го испратија во политичка пензија, народот избра визија, напредок и работа.

    Од што се плаши Јакимовски? Дали поради тоа што знае дека следи ревизија во Карпош на неговата криминална работа? Дали Јакимовски се плаши дека ќе излезат на виделина сите криминали, тендери во четири очи и матни зделки за време на неговиот мандат?

    Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби и нерегуларности во работата и токму поради тоа сега е во паника. Јакимовски се плаши од ревизијата што ќе го разобличи неговото работење во општината и се обидува да го пренасочи вниманието кон измислени изборни нерегуларности.

    Јакимовски е одговорен за бетонизацијата на Карпош, а карпошани го казнија токму поради тоа што Јакимовски работеше за лични интереси и интереси на урбаната мафија, наместо за интересите на граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Јакимовски да не се обидува очајнички во овие неколку дена да ги заштити структурите од урбаната мафија и да не потпишува документи, бидејќи ќе следи ревизија на целосното негово работење. Целосна ревизија на финансиското и урбанистичкото работење во општина Карпош.

    Новото раководство на Карпош ќе работи посветено во интерес на граѓаните. Карпош ќе се развива преку проекти и работа, чесно и транспарентно. Карпош на чело со Лукровски ќе биде пример за успешна и модерна општина.

    Прочитај повеќе

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.