Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака

    ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака

    17.12.2025 во 14:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тоа што Кузеска го нарекува бомба е петарда која и пукна во рака. Не е јасно како по којзнае кој пат некој од СДС ја пушта низ вода, да излетува со недоволно проверени информации, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од редовите на СДСМ.

    „Да го тргнеме настрана фактот дека јавните набавки се јавни и транспаренти и другиот факт дека Кузеска не го разбира ИТ светот, туку Кузеска обвинува за сомнителни тендери со фирма на која власта на СДС и ДУИ им делеле тендери и грантови од Фондот за иновации.

    Така фирмата СИГМОИД која не постои две години, туку многу повеќе само го сменила името од ДОО во ДООЕЛ во 2019 година добила грант од ФИТР од над 1,4 милиони денари.

    Потоа повторно добила грант од ФИТР и во 2020 година од над 25 илјади денари.

    Згора на тоа, фирмата добивала и тендери на кои се склучувале анекси со АЕК во 2021 година кога на власт беа СДС и ДУИ од скоро 700 илјади денари на кој потоа склучувале анекси.

    Потоа тендер од Агенција за пошти предводено од СДС и ДУИ во 2020 од над 120 илјади денари, од ТИРЗ во 2021 од 720 илјади денари, повторно Агенција за пошти во 2021, од Државен завод за ревизија во 2022 над 600 илјади денари, од Агенција за супервизија на осигурување во 2022, и така натаму се до пред паѓање од власт во 2024 кога со АЕК склучиле два тендери од над 2,3 милиони денари.  Еден куп тендери во времето на СДС.

    Воедно, очекувавме дека Кузеска ќе го пофали новото раководство составено од Заев, но очигледно и нема што да се пофали.

    Нека не се секира Кузеска, одговорност има и ќе има, ама за сите криминали на Венко и Заев“. стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.