ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување

Данела Арсовска успеа да го собори сопствениот рекорд. Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Данела Арсовска нема одговори зошто Скопје колабира, зошто јавниот превоз е пред колапс и зошто Скопје се дави во ѓубре.

Арсовска бега од народните претставници, советниците, затоа што нема одговор зошто Скопје наместо да напредува се уназади со неа.

Скопје можеби нема метро, но очигледно има видлив неспособен градоначалник.

Данела Арсовска е временска непогода за Скопје, колку побрзо си замине, толку побрзо Скопје ќе тргне напред“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

26.09.2024 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега