ВМРО-ДПМНЕ: Александар Толоманоски во најитен рок ќе биде исклучен од партијата

„Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид“, штотуку соопштија од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
Оттаму велат дека тој во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата, а градоначалникот на општина Охрид ќе побарал од директорката на училиштето каде Толоманоски работел, да поведе дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос.
„Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос. ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува за секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност.
СДСМ наместо евтин популизам и двојни стандарди нека побара од Спасовски до крај да го расветли двојното убиство кое ја потресе јавноста, како и да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања“, стои во соопштението на опозициската партија.
Денеска реакција за тоа дека полицајци го фатиле Толомановски како шмркал кокаин во угостителски објект, имаа и од СДСМ. 
10.12.2023 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега