ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ не преговара за македонскиот јазик, ќе ја прифати предлог-резолуцијата

 

Откако СДСМ се изјасни дека нема да прифати собраниска расправа за предлог-резолуцијата што ја најави ВМРО-ДПМНЕ за македонските позиции во преговорите со Бугарија, опозицијата одговори дека одбивањето отвара сомнеж дека некој е подготвен да се пазари со идентитетските обележја на Македонија. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

СДСМ не треба да бега од носење на заедничка Резолуција во македонското Собрание кое што ќе ги утврди националните црвени линии по однос на идентитетот, историјата и јазикот. Дотолку повеќе, што оваа позиција ќе се изгради и за оваа, и за секоја идна влада во преговорите. Во спротивно се отвора сомнеж дека некој е подготвен за пазарење со идентитетските обележја на штета на Македонија.
Оттука доколку СДСМ сметаат дека за македонскиот идентитет не смее и не се преговара очекуваме да дадат поддршка на предложената Резолуција, бидејќи овој документ токму тоа и го акцентира.

Доколку СДСМ и Заев навистина не преговараат за македонскиот идентитет, јазик, културна посебност согласно барањата на Бугарија, ваквата Резолуција само би ја зајакнала нивната позиција на масата.

Истовремено потсетуваме дека членовите на бугарскиот парламент без разлика на партиската, политичката и идеолошката определба  едногласно и унисоно донесоа Резолуција за Македонија, па било апсурдно македонското Собрание да нема Резолуција за македонските национални интереси.

Документот кој што Собранието на Македонија би требало да го донесе не е партиски текст туку е текст произлезен од највисоките научни, образовни и општествени институции и авторитети во Македонија како МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Во себе содржи дефиниции и позиции базирани на несоборливи факти и аргументи, кој што никој во државата не може и не смее да си дозволи заради политика да ги спори.

Несогласувањето со текст Резолуцијата и воопшто носење на ваква Резолуција е директно спорење со аргументите во декларацијата.

04.07.2021 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега