СДС, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС — дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче.
Нека кажат на кои докази го темелат тоа?
Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС?
За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место.
Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти и се лаже дека е некоја величина.
Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР, додаваат од владејачката партија.
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

