Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: 60.000 евра од членарината на работниците, Деаноски од УПОЗ ги потроши на спортски игри во Црна Гора

    ВМРО-ДПМНЕ: 60.000 евра од членарината на работниците, Деаноски од УПОЗ ги потроши на спортски игри во Црна Гора

    28.05.2026 во 09:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека, како што велат од партијата, „лажната скромност на самопрогласените борци за работнички права“ станува очигледна во јавноста.

    Еден од овие примери е Трпе Деаноски од УПОЗ, кој со пари од членарините на работниците, за кои велат дека живеат во сиромаштија, се луксузира во Црна Гора.

    Деаноски преку синдикатот на УПОЗ организирал луксузни спортски игри, кои траеле 4 дена, но не ги организирал во некој македонски град Скопје, Охрид, Дојран или, пак, Струмица, туку во атрактивното и луксузно туристичко место во Црна Гора, Чањ.

    На Трпе Деаноски мала му е Македонија и нашите туристички капацитети, па затоа одлучил спортските игри на УПОЗ, кои до сега многупати се одржувале во државава, овој пат да ги одржи во Црна Гора и за тоа да потроши над 60.000 евра.

    Деаноски кој е претседател на синдикатот на УПОЗ и е дел од раководството на ССМ, ги троши парите од чланарините на синдикалците за луксуз, шетање и организирање на спортски игри.

    Синдикалците на батерии си го покажаа вистинското лице. Пред камерите глумат загрижени и борци за поголеми плати, а зад камерите се луксузираат на грбот на своите членови.

    Овие самопрогласени и самоизбрани синдикални претставници заинтересирани се само за своите лични интереси и бенефиции, високите плати кои добиваат од синдикатите, трошењето на синдикалните буџети наполнети со парите на работниците.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.