Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање
    • Пукање во Охрид
    • Јаневска: Инженерите школувани овде се ценети и надвор од државните граници
    • Зеленски со алармантна порака: Русија подготвува масовен напад врз Украина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче нема црвени линии, ќе тргува со македонскиот идентитет за власт

    ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче нема црвени линии, ќе тргува со македонскиот идентитет за власт

    23.06.2026 во 09:272 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет за власт. Филипче нема црвени линии и молчи за нападите врз македонскиот идентитет само за да ја зачува фотелјата на Бихачка и да се добере до власт, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    Интегрален текст од Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ:

    Венко Филипче не го брани македонскиот национален интерес и идентитет туку сопствената политичка кариера.

    Венко Филипче секојдневно потврдува дека е подготвен да оди и подалеку од Зоран Заев во исполнувањето на барањата кои директно ги засегаат македонските национални интереси.

    Додека Бугарија продолжува да го негира македонскиот јазик, да ја фалсификува историјата и да го оспорува македонскиот идентитет, Филипче не гледа проблем во тоа. Наместо јасно и гласно да застане во одбрана на државните и националните позиции, тој ги релативизира навредите и ги минимизира заканите со кои се соочува Македонија.

    За Филипче нема црвени линии. Нема прашање кое не е подготвен да го отвори и нема национален интерес што нема да го жртвува ако процени дека така ќе добие поддршка од центрите на моќ кои со години вршат притисоци врз Македонија.

    Ставовите на Филипче не се ништо друго освен продолжение на политиките на СДС кои донесоа понижувања, отстапки и штета за македонските национални позиции.

    Разликата е што Филипче денес покажува уште поголема подготвеност од Заев за нови отстапки и нови порази.

    Филипче избира да биде адвокат на бугарските барања. Кога треба да се оправдаат условувањата од Софија е најгласен, а кога треба да се брани Македонија е најтивок.

    Граѓаните добро паметат што значеа политиките на Заев и СДС. Затоа нема да дозволат истата политика на национални отстапки да се врати под ново име и со нов извршител.

    Времето на понижувања заврши. Граѓаните ќе знаат да препознаат кој ја брани Македонија, а кој е подготвен да ја продава за политичка функција.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.