Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Канадски претприемач гради 99 куќи за да го намали бројот на бездомници во својот град
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДСМ носат српски пејачи на плоштадите, Филипче нас не обвинува за “српски свет“

    ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДСМ носат српски пејачи на плоштадите, Филипче нас не обвинува за “српски свет“

    29.08.2026 во 13:492 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ за лицемерие по обвинувањата на опозициската партија за ширење на таканаречениот „српски свет“ во Македонија, посочувајќи го случајот со поранешниот советник на Зоран Заев, чие име се појавува во обвинителен предмет во Косово поврзан со наводна соработка со српската Безбедносно-информативна агенција – БИА.

    Од владејачката партија потсетуваат дека тој бил советник на Заев за локална самоуправа и член на високи партиски тела на СДСМ, а неговото име се споменува во материјалите од шпионската афера за која косовското обвинителство веќе поднесе обвинение против други лица.

    „Додека обвинуваат за српски свет во Македонија, советник на Зоран Заев се појавува во предмет поврзан со БИА, а од друга страна градоначалници на СДС организираат концерти со пејачи кои српската опозиција ги смета за блиски до Александар Вучиќ“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Партијата го посочува и градоначалникот на Крива Паланка, каде е најавен концерт на Лепа Брена, како и настапот на Ацо Пејовиќ во Македонска Каменица.

    Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека немаат ништо против настапите на српските пејачи, но велат дека ваквите настани се во спротивност со обвинувањата што СДСМ ги упатува кон актуелната власт за наводно ширење на влијанието на Белград во земјава.

    „Вредно е да се нотира дека овие пејачи српската опозиција ги прогласи за режимски на Александар Вучиќ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Во реакцијата се споменува и поранешниот генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски, за кого од владејачката партија велат дека заедно со градоначалникот на Крива Паланка ќе присуствува на концертот на Лепа Брена.

    Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ следува по прес-конференцијата на СДСМ, на која опозициската партија обвини дека српскиот претседател Александар Вучиќ води „хибридна војна“ на Балканот и дека дел од актуелната власт во Македонија е инструмент на таквото влијание.

    Петрушевски претходно јавно ги отфрли наводите за негова поврзаност со српските разузнавачки служби и изјави дека неговите контакти биле од деловен карактер. Тој не е обвинет во косовскиот предмет.

    Прочитај повеќе

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34

    ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

    11.09.2026 во 19:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.