Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сонце по утринскиот студ – УХМР ги измери температурите во 11 часот
    • ФОТО: Почина обвинител од Струга
    • „Улици и патишта” со важна информација: Одложено затворањето на мостот „Близнак“
    • Мајката на судијата Ристов: „Кога ќе ми останеше некоја паричка ќе ги пикнев во дупчето на циглата”
    • Ги фатиле на дело – Македонската полиција уапси три лица
    • Муцунски на конференција за Коридорот 8 – Ќе разговара и со еврокомесарката Кос
    • Петровска на Рос-Рот семинарот на НАТО во Молдавија
    • Пронајдена неексплодирана рачна бомба во скопско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иванов: Во Македонија се случува градежен бум

    Иванов: Во Македонија се случува градежен бум

    07.07.2026 во 11:232 Mins Read
    ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија инфраструктурно се развива со засилено темпо. Се градат патишта и автопатишта во сите делови на државата. Вакво вложување во патната инфраструктура, вакви градежни активности на неколку делници истовремено, во повеќе делови од државата, до сега немало, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на пратеникот Душко Иванов.

    -Покрај актуелните што се градат со несмалено темпо, веќе од следниот месец, во август почнува изградбата и на автопатот Скопје-Блаце, проект којшто со децении беше најавуван, а единствено само се купуваа парцели вдолж предвидената траса. Автопатот во должина од 10,5 километри на исклучително тежок терен на падините на Скопска Црна Гора е со вкупна вредност од 235 милиони евра, од кои 30,8 милиони се грант од ЕБОР, а рокот за изградба е четири години. Скопје-Блаце ќе ги поврзе Македонија со Косово и ќе продолжи понатаму кон Тирана и Драч, како и кон Бар. Со тоа, кон Скопје се отвора уште едно пристаниште и уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот. Од друга страна, интензивно се работи на автопатот Охрид-Кичево и се решаваат наследените проблеми. За таа цел, се потпиша Анекс на договорот со кој се засилува динамиката на изградба и се смени Правилникот за технички услови со што се смени рецептурата на асфалтот за да може да се продолжи со завршно асфалтирање, вели тој.

    Иванов вели дека го ефектуирале Анексот и средствата за доизградба на проектот ги ставиле на располагање, се постигна и договор со изведувачот за откажување од арбитражната постапка со што на државата и се заштедуваат 50 милиони евра, се изнајде решение и за косините со т.н. галерии.

    -Паралелно со решавање на овие наследени проблеми се засили изградбата на автопатот, така што во употреба за возење се пуштија 37 километри од самата делница, а до првиот квартал во 2027 година се очекува, автопатот Кичево-Охрид целосно да биде завршен. Со останатите капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои и автопатиштата од коридорот 8 и 10д, во Македонија се случува голем градежен бум, до сега невиден во поновата историја на државата. Изградбата на овие автопатски артерии е важен чекор во реализација на стратешката визија, Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот, велат од владејачката партија.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Сонце по утринскиот студ – УХМР ги измери температурите во 11 часот

    08.10.2026 во 11:20

    ФОТО: Почина обвинител од Струга

    08.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.