Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Владата повторно се задолжува
    • И тоа го има во Македонија: Внук го истепал дедото поради недоразбирање во сообраќајот
    • Скопјанец нападнат на улица среде бел ден
    • Малолетно момче преживеало хорор во Центар
    • ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место
    • Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност
    • Дневен хороскоп за четврток: Нови можности, важни разговори и љубовни изненадувања
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Ова е состојбата во осум часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Дигитализацијата значи крај на бирократијата и чекањето по шалтери за граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: Дигитализацијата значи крај на бирократијата и чекањето по шалтери за граѓаните

    02.07.2026 во 09:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Реформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи конкретни резултати за граѓаните и крај на бирократијата и чекањето по шалтери. Дигиталната трансформација е обврска кон граѓаните. Државата мора да работи брзо, ефикасно и без бирократски лавиринти, а институциите конечно да бидат во служба на народот, а не обратно, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk граѓаните добиваат можност да ги завршуваат административните постапки без непотребно чекање по шалтери. Тоа е само почеток на процесот кој мора да продолжи со уште посилно темпо. Паралелно, се работи на усогласување на законодавството со европските стандарди, со што македонските граѓани ќе можат да ги користат придобивките од иницијативата „Роаминг како дома“ при патување во земјите од Европската Унија, без дополнителни трошоци за комуникација. Реформската агенда останува врвен приоритет. По најобемниот пакет закони донесен во 2025 година, реформите продолжуваат со уште посилен интензитет, велат од владејачката партија.

    ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија веќе обезбеди 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација, средства кои мора да се претворат во конкретни услуги и подобар животен стандард. Истовремено, бројот на центрите за услуги е значително зголемен, со што институциите стануваат подостапни за граѓаните низ целата држава.

    -Посебен фокус се става и на развојот на вештачката интелигенција преку Националниот центар „Везилка“, со цел развој на македонски јазични модели, заштита на културното наследство и изградба на доверлив национален систем за примена на вештачката интелигенција во согласност со европските стандарди. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да стави крај на спорите, нефункционални и скапи административни процедури. Дигитализацијата значи помалку бирократија, помалку трошоци и повеќе време за граѓаните. Разликата е јасна, наместо празни ветувања и изгубени години како во минатото и владеењето на СДС, денес се градат системи кои носат реални резултати. Целта е институциите конечно да работат брзо, транспарентно и во интерес на секој граѓанин, веат од партијата.

    Just In
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Владата повторно се задолжува

    08.10.2026 во 09:30

    И тоа го има во Македонија: Внук го истепал дедото поради недоразбирање во сообраќајот

    08.10.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.