Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Побрзи услуги и намалена бирократија преку дигитална трансформација

    ВМРО-ДПМНЕ: Побрзи услуги и намалена бирократија преку дигитална трансформација

    03.07.2026 во 09:56Updated:03.07.2026 во 10:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека СДС со години зборуваа за реформи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    -Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација. Овие средства не се добиени по случајност, ниту поради празни политички ветувања. Тие се резултат на сериозна работа, исполнети реформи, донесени законски решенија и јасна политичка волја државата конечно да се движи напред. Дигиталната трансформација не е парола, туку реална промена која значи побрзи услуги, помалку бирократија, пократки процедури и институции кои работат во интерес на граѓаните. Во 2025 година беше донесен најобемниот пакет закони во областа на дигиталната трансформација, со што беа поставени темелите на модерна, ефикасна и европски усогласена држава. Овој реформски процес продолжува со истото темпо и во наредниот период, со цел целосно исполнување на Реформската агенда, велат од владејачката партија.

    Велат дека разликата денес е повеќе од очигледна.

    -Наместо застој и блокади, има напредок. Наместо изговори како во минатото и владеењето на СДС, сега има резултати. Наместо декларативни заложби, има реформи кои носат европски средства и директна корист за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да се врати во период на неработење и пропуштени можности. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со реформи, инвестиции и дигитализација кои ја прават државата поефикасна, поконкурентна и вистински сервис на граѓаните. Македонија забрзува, завршуваат ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.