Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН со остри критики за ДУИ: Речникот кон меѓународните партнери е тешка навреда за САД и ЕУ

    ВЛЕН со остри критики за ДУИ: Речникот кон меѓународните партнери е тешка навреда за САД и ЕУ

    12.05.2026 во 12:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВЛЕН остро ја осудува скандалозната изјава на пратеникот од ДУИ, кој во интервју за национален медиум изјави дека „тоа што им се нуди на меѓународните, тие го голтаат“. Ваквиот речник не е само политички неодговорен, туку претставува и тешка навреда кон нашите стратешки сојузници: Соединетите Американски Држави и Европската Унија, велат од ВЛЕН.

    „Изразуваме сериозна загриженост за оваа арогантна позиција на ДУИ кон меѓународните партнери, кои со децении се најголеми поддржувачи на мирот, стабилноста и унапредувањето на правата на Албанците во регионот.

    ВЛЕН не размислува како ДУИ. За нас, САД, ЕУ и дипломатските претставништва на западните земји се незаменливи партнери на евро-атлантскиот пат на државата.

    Албанскиот народ историски бил и останува најпро-американскиот и најпро-европскиот народ на Балканот. Албанците не ја забораваат клучната поддршка на САД и ЕУ во најважните моменти од нашата национална историја. Затоа, никој нема право во име на Албанците да користи потценувачки јазик кон нашите стратешки сојузници.

    Оваа изјава само го потврдува она што ВЛЕН долго време го укажува: дека во рамките на ДУИ постои анти-западен менталитет и опасна носталгија кон српско-руските проекти во регионот. Не е случајно што токму ДУИ преку Бујар Османи го донесе Сергеј Лавров во Скопје во време кога цела демократска Европа ја изолираше Русија поради агресијата врз Украина. Не е случајна ниту слепата поддршка на ДУИ за проектот „Отворен Балкан“, кој беше широко перципиран како платформа за ширење на српско-руското влијание во регионот.

    Дали е ова истата партија чии функционери завршија на црната листа на Државниот департмент на САД? Зарем ова не се конкретни докази дека меѓународните не се наивни, туку дејствуваат кога се соочуваат со корупција и злоупотреба на власта? Тогаш, кому му се упатени овие изјави: на меѓународните или на електоратот кој се обидуваат да го држат во илузија?

    Денес, кога ДУИ се соочува со најдлабоката политичка криза и со губење на довербата кај Албанците, излегува на виделина нејзиното вистинско лице: напади врз Западот, навредлив речник кон сојузниците и паника од губење на власта.

    ВЛЕН им се извинува на нашите меѓународни сојузници за овој неприфатлив и навредлив речник на ДУИ. Албанците не се идентификуваат со овој менталитет. ДУИ го има изгубено политичкиот и моралниот компас и, во недостаток на идеи и граѓанска поддршка, ги напаѓа токму оние кои историски стоеле покрај Албанците и нашите стратешки интереси“, стои во соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.