Полициски службеници од СВР Тетово на 13 јули 2026 година, во 23:30 часот, на Градскиот плоштад во Тетово го лишиле од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Според информациите од полицијата, малолетникот истиот ден околу 21:10 часот од црквата „Св. Богородица“ во Тетово одзел пари и предмети.

За случајот бил известен јавен обвинител, а со малолетникот, во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, бил извршен службен разговор.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version