ВМРО-ОКГ повторно лаже. Тие свесно шират лажна приказна дека СДСМ е против гласањето на дијаспората. Ова е чиста манипулација. Никој не е против гласањето на дијаспората, наведува СДСМ во соопштение.
-Проблемот не е во правото на глас, туку во манипулацијата и кражбата на гласови која ВМРО-ОКГ сака да ја овозможи преку Изборниот законик. Дијаспората не сака Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група да гласаат наместо неа. Дијаспората сака самата да го каже својот глас, а не да дозволи членови на криминалната мрежа во Белата палата да одлучуваат наместо неа, велат СДСМ.
Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ОКГ сака да отвори пат за масовна злоупотреба преку неконтролирано гласање.
-Токму затоа се спротивставуваме на нивните предлози. Не затоа што сме против дијаспората, туку затоа што сме против кражбата на нејзиниот глас. Дијаспората гласаше и во минатото. Ќе гласа и во иднина. Но нема да дозволиме нејзиниот глас да го украде истата криминална структура која веќе две години ја држи Македонија во изолација и која ја доведе државата до економски колапс. Лагите на ВМРО-ОКГ немаат граница. Но има граница на трпението на граѓаните. Народот ќе победи. Европска и демократска Македонија ќе победи, стои во соопштението на опозицијата.


