СВР Куманово поднесе кривична пријава против 18-годишна девојка од село Лојане, Општина Липково, и против две малолетнички од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Според информациите од МВР, пријавените навредувале и физички нападнале 14-годишно девојче, а целиот настан го снимале со мобилен телефон. По нападот, на малолетничката ѝ се заканиле да не го пријавува случајот и да не зборува за видеото.

Од полицијата информираат дека на 13 март годинава, околу 18:00 часот, осомничените ја повикале малолетничката да излезе од нејзиниот дом, по што ја однеле во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово.

Таму, според пријавата, најпрвин ја навредувале, а потоа физички ја нападнале, при што го снимале настанот.

По извршеното насилство, девојките ѝ се заканиле на малолетничката дека ќе има последици доколку го пријави случајот или го сподели снименото видео.

Exit mobile version