Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и серија влажни воздушни бранови, во Македонија до недела (7 Декември) ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд.

Дождот повремено ќе биде обилен, особено во западните и во јужните предели.

Во овие региони, на повеќе места се очекува да наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри на метар квадратен.

На високите планини (над 1800/1900 метри надморска височина) дождот повремено ќе преминува во снег.

Минималните температури насекаде ќе бидат над нулата. Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 6 до 14 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер, кој најпрвин ќе биде од југоисточен, а потоа ќе премине во северен и североисточен правец, со повремено засилување.

Во Скопје и околината, исто така, ќе има повремени врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Се очекува во делови од котлината да наврнат над 25 литри дожд, а максималната температура ќе се движи околу или малку над $10^\circ\text{C}$.

Exit mobile version