Следниот вторник на седница на Владата ќе бидат назначени повереници во 4-те општини, каде што поради немање цензус од 1/3 излезност во првиот круг изборите не беа успешни. Во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово и Ростуше изборите ќе се повторат на почетокот на следната година.

Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје.

Мицкоски најави дека следната недела ќе се знаат и новите имиња на министри од Вреди, а евентуалната реконструкција на министри од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде по Конгресот на партијата што е закажан за 6-ти декември во Кавадарци

Exit mobile version