На југот на Сицилија продолжува да се влошува состојбата со големото свлечиште, кое досега проголтало околу 350 милиони кубни метри земјиште, јавуваат италијанските медиуми.
Свлечиштето, со фронт долг околу четири километри, почна да се активира минатата недела и продолжува да се шири, предизвикувајќи страв дека може да го зафати историското јадро на градот Нишеми. Локалните власти забранија градежни активности на погодената зона од околу 25 квадратни километри.

