Познатиот македонски кардиолог и професор, д-р Сашко Кедев, поднесе оставка од членството во советодавното тело на министерот за здравство, Фатмир Алиу.

Како што објави Телевизија Канал 5, повикувајќи се на свои извори, Кедев веќе не е дел од тимот експерти кои требаше да го советуваат министерот за клучните реформи во здравствениот систем поради застој во започнатите контролни процеси по скандалот со кардиоваскуларните операции кои се правеле тешки и скапи операции на пациентите кои не требало да се направат.

Exit mobile version