Владата одлучи: Паднаа сите ковид мерки

Владата на денешната редовна 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести, согласно кои престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.
„Со заклучок од седницата, Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се негрупирање и одржување физичка дистанца, носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца, како и редовна лична хигиена, проветрување на затворените простории и самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем“, информираат од владината прес-служба.
Како што посочуваат, со заклучоците од седницата на Владата им се препорачува на здравствените домови да ја интензивираат теренската вакцинација на возрасните лица над 80 години заради нискиот опфат со имунизација на оваа старосна група, како и да продолжи вакцинацијата меѓу здравствените работници.
03.05.2022 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега