Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата најавува нови рекорди во авиосообраќајот: Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во регионот

    Владата најавува нови рекорди во авиосообраќајот: Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во регионот

    10.07.2026 во 11:322 Mins Read
    ФОТО: Министерство за транспорт
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува годинава бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром да надмине 3,5 милиони, а во следниот период да се достигне и бројката од 4 милиони патници.

    Изјавата ја даде по објавувањето на податоците според кои двата аеродрома во првата половина од годината опслужиле речиси два милиони патници. Николоски оцени дека растот е резултат на владините политики во авиосообраќајот и воведувањето на 28 нови авиолинии.

    „Денеска излегоа бројките, одлични се, два милиони патници имаме за шест месеци, тоа е раст од над 30 проценти споредено со минатата година. Кога беше избрана оваа Влада бевме нешто над два милиони патници годишно, сега сме два милиони патници за половина година. Минатата година првпат поминавме три милиони патици. Оваа година ќе поминеме 3,5 милиони патници и за многу бргу ќе стигнеме до 4 милиони патници, нешто што беше незамисливо за Македонија. Скопскиот и охридскиот регион се најбрзорастечки во своите категории во регионот, тоа ќе продолжи да биде така. Многу сум горд на оваа политика. Имаме 28 нови дестинации, кризата која беше предизвикана од војната во Заливот скоро и да не се почувствува, а дополнително со керозин од скопскиот аеродром се снабдуваше аеродормот во Приштина, а делумно и аеродромот во Ниш, така што покажавме дека можеме да ги развиваме двата аеродрома и сега одиме на многу повисоки цели“, изјави Николоски.

    Од ТАВ Македонија претходно информираа дека Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид во првите шест месеци од годинава опслужиле 1.955.648 патници, што е зголемување од 28 проценти во однос на истиот период лани. Реализирани биле 13.167 летови, со раст од 7,6 проценти.

    Само во јуни, двата аеродрома опслужиле 374.714 патници, односно 15,6 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

    Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, оцени дека растот на бројот на патници е потврда за развојот на воздушната поврзаност и зголемената доверба на патниците и авиокомпаниите.

    Полугодишните податоци покажуваат дека најфреквентна дестинација од скопскиот аеродром останува Истанбул, со 14,2 проценти пазарен удел, по што следуваат Минхен Меминген, Базел Милуз, Дортмунд, Цирих и Франкфурт.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.