Владата на Република Српска по налог на Додик ги прекина односите со САД и Британија

 

Владата на Република Српска денеска донесе одлука за прекин на соработката со амбасадите на САД и Велика Британија во БиХ, на што американската страна веднаш одговори со порака дека тргнале по „опасен пат“.

Прекин на соработката со американските и британските дипломати во Босна и Херцеговина, претходно најави претседателот на Република Српска  Милорад Додик, кој е под санкции на САД и Велика Британија од 2017, односно 2022 година, откако Вашингтон и Лондон одлучија да го казнат за сепаратистичка реторика и поткопување на Дејтонскиот договор и корупција.

Оттогаш Додик е во постојана вербална војна со дипломатските претставници на овие две влијателни западни земји, а сега ги наведе властите на РС да донесат одлука да ја прекинат комуникацијата со нив под обвинение дека се мешаат во внатрешните работи на БиХ.

„Владата ќе ги информира надлежните органи на САД и Велика Британија за прекин на соработката со амбасадите на САД и Велика Британија поради нивните антидејтонски активности и кршење на меѓународното право“, се вели во денешното соопштение на владата.

23.03.2023 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега