Владата го прифати предлогот: Се укинува носењето на маски во затворени простории

Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) ги усвои заклучоците од Комисијата за заразни болести, по што беа предложени до Владата која прифати да се укине носењето маски на затворено.

Со новите владини одлуки се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби; учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.

Исто така, се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Ова го потврди заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

„На денешната седница на Владата ги разгледавме препораките на Комисијата за Заразни Болести за олеснување на анти – Ковид мерките и согласно подобрената епидемиолошка ситуација ги усвоивме овие одлуки:

се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби;
учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски;
се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и
се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.“, напиша Груби.

12.04.2022 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега