Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Владата го повика директорот Китановиќ да се огради од Младиќ или да си замине

    Владата го повика директорот Китановиќ да се огради од Младиќ или да си замине

    29.08.2026 во 16:47Updated:29.08.2026 во 16:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата се огради од ставовите на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, поврзани со Ратко Младиќ и порача дека доколку тој не го прифаќа официјалниот став на Владата, се очекува да се повлече од функцијата.

    Од Владата нагласуваат дека нивната позиција е јасна и се темели на правосилните пресуди на меѓународните судови – дека Ратко Младиќ е осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

    „Ставот на директорот Китановиќ е негов личен став и е неприфатлив за Владата“, велат од „Илинденска“.

    Оттаму додаваат дека секој носител на јавна функција кој е дел од извршната власт треба да ги почитува официјалните позиции на Владата.

    „Доколку некој не се согласува со ставот на Владата дека Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, тогаш се очекува да се повлече од функцијата“, наведуваат од Владата.

    Реакцијата следува по објавата на Китановиќ во која Младиќ беше прикажан во позитивен контекст, што предизвика реакции од повеќе политички партии и барања за негова политичка одговорност.

    Од Владата очекуваат Китановиќ да го повлече својот став, а доколку тоа не го направи, останува отворено прашањето за неговото понатамошно останување на функцијата.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.