Влада: Исплата на платите на наставниците согласно законските одредби во услови на штрајк

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Со заклучоците по оваа точка Владата го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување на платите во основното, средното образование и детската заштита во висина од 10%. За таа цел формирана е работна група во која се вклучени заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шакири, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, да отпочнат процес за преговори за колективен договор со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор.

Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк. А согласно Колективниот договор за основно образование на Р.М, Член 54, е наведено дека Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале на штрајкот во висина од основната плата на
работникот,доколкусиндикатоторганизиралштрајкзарадикршењенаправатана работниците утврдени со закон, колективен договор или акт на работодавачот.

Дополнително, работодавачот е должен да исплати придонеси од плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале на штрајкот, доколку синдикатот организирал штрајк заради зголемување на правата на работниците.

Владата, на седницата воедно ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да ги преземат сите чекори за одржување настава во основното и средното образование, и згрижувањето на децата во градинките согласно уставно загарантираното право за образование и за предучилишна грижа на децата и согласно законски утврдените одредби за одвивање на настава во услови на штрајк.

По ова, ресорните министерства ќе треба да достават и информација до Владата за одговорот на СОНК во врска претходно наведените заклучоци, како и да побара писмено известување врз основа на кој правен акт е прекината наставата во основните и средните училишта и врз основа на кој законски акт персоналот на предучилишните установи одбиваат да ги примат децата.

Владата на крај ги повика раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата, учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките.

 

19.04.2022 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега