Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вкупниот промет во индустријата зголемен за 1,6 процент во февруари на годишно ниво

    Вкупниот промет во индустријата зголемен за 1,6 процент во февруари на годишно ниво

    16.04.2026 во 15:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Прометот во индустријата вкупно е зголемен за 1,6 процент во февруари годинава во однос на февруари минатата година – објави денеска Државниот завод за статистика.

    Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 3,1 проценти, Производство на електрична опрема со 4,2 проценти и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 17,7 проценти.

    Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен Енергија, за 2,9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 проценти, а опаѓање бележи кај Капитални производи за 2 проценти.

    Вкупниот промет во индустријата во февруари во однос на јануари годинава бележи пораст од 19.5 проценти, а опаѓање од 3,7 проценти во периодот јануари – февруари годинава во однос на истиот период од минатата година.

    На домашниот пазар во февруари годинава во однос на февруари минатата година прометот во индустријата е со пораст од 0,8 проценти, а во периодот јануари – февруари годинава во однос на периодот јануари – февруари минатата година со опаѓање од 2,4 проценти.

    На странските пазари, пак, во февруари годинава во однос на февруари минатата година прометот во индустријата бележи пораст од 2,2 проценти, а во периодот јануари – февруари годинава во однос на периодот јануари – февруари минатата година бележи опаѓање од 4,1 проценти.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.