Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна, внимавајте што јадете, каде пазарите и како ги чувате продуктите

    Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна, внимавајте што јадете, каде пазарите и како ги чувате продуктите

    31.07.2026 во 11:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Екстремно високите температури кои според метеоролошките најави во наредниот период ширум државата ќе достигнуваат до 40 степени носат сериозни предизвици не само за здравјето на граѓаните, туку и висок ризик од појава на труења со храна и нарушување на здравјето кај животните доколку навреме не се обезбедат соодветни количини свежа вода и заштита.

    Поради најавениот топлотен бран, надлежните институции излегоа со серија строги препораки за правилен избор, транспорт, чување и термичка обработка на намирниците со цел да се избегнат несакани здравствени последици.

    Во врска со превентивните мерки и начинот на безбедно пазарување и складирање на храната, од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) појаснуваат:

    Како што велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, за да се спречи труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при набавката, да се обезбедат соодветен транспорт и услови за чување, како и да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и за складирањето. Се препорачува да се купува храна од проверени местам во кои производите, особено лесно расипливите од животинско потекло, се чуваат во разладни уреди.

    Од АХВ апелираат граѓаните да внимаваат каде ги оставаат лесно расипливите производи при пазарувањето, советувајќи дека месото, млекото и јајцата не смее долго да се задржуваат во возилата. Исто така, препорачливо е разладената храна да се чува под 5 степени, додека термичката обработка треба да се изведува на температури над 60 степени.

    Во однос на правилата за конзумација надвор од домот и претпазливоста во угостителските објекти, од АХВ упатуваат конкретен апел:

    „ Во објектите за брза храна избегнувајте ги додатоците што не стојат во ладилник, како што се мајонез, кечап, крем-салати, сосови, преливи… Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја – истакнуваат од АХВ.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.