Close Menu
Press24
    Најново

    Измама во Тетово: Косовец ѝ префрлил 18.000 евра на жена која го излажала дека е бремена

    04.05.2026 во 11:14

    Месечен хороскоп за мај: Ова се најсреќните датуми за секој знак

    04.05.2026 во 11:00

    Дубаи повторно го отвора небото: Аеродромите постепено се враќаат во полн капацитет

    04.05.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Измама во Тетово: Косовец ѝ префрлил 18.000 евра на жена која го излажала дека е бремена
    • Месечен хороскоп за мај: Ова се најсреќните датуми за секој знак
    • Дубаи повторно го отвора небото: Аеродромите постепено се враќаат во полн капацитет
    • Расте цената на нафтата
    • Збогум за лозинките – еве што ќе користиме наместо нив
    • Иран: Безбедноста на Ормускиот теснец е во наши раце
    • Неделава се празнуваат два големи празници: Ѓурѓовден и Марковден
    • Пијан возач прегази деца на тротоар, две починаа на местото, едно се бори за живот – трагедија го потресе регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Винскиот Фестивал во Битола – Тридневна забава со врвна музика и урбано дружење пред Офицерскиот дом

    Винскиот Фестивал во Битола – Тридневна забава со врвна музика и урбано дружење пред Офицерскиот дом

    23.04.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Битола се подготвува за нов културно-забавен настан кој ветува одлична атмосфера и незаборавни мајски вечери. Од 7 до 9 мај, платото пред Офицерскиот дом ќе биде епицентар на виното, музиката и урбаното дружење, каде што граѓаните ќе можат да уживаат во специјално креирана програма поддржана од Општина Битола.

    Фестивал посветен на виното, музиката и урбаното дружење ќе се одржи од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом во Битола, соопшти Општина Битола.

    „Првиот ден на Винскиот Фестивал во Битола е резервиран за првото наздравување.

    Фестивалската програма започнува на 7 мај со настап на резидент диџеј, по што следуваат „B52“, „Пауза за ракија“ и диџеј Александар Јорданов.

    Вториот ден е за оние, како што велат организаторите, кои знаат дека најдоброто вино во Битола е она што се пие во добро друштво.

    На 8 мај ќе настапат резидент диџеј, „Lockdown“, „Камерен оркестар Битола“ и DJ Гоце Саф.

    Од мелосот на Љубојна до лудата енергија на Паркети – вечерта ја затвораме тридневната винска магија.

    На 9 мај, вечерта е резервирана за настап на резидент диџеј, „Zdrave Music“, „Љубојна“ и „Паркети“.

    Викендот заслужува шанса за уште една чаша повеќe, е поканата од организаторите на фестивалот, кои додаваат дека токму музичкиот избор е една од работите што најјасно го дефинираат фестивалот и по која сакаат уште посилно да се препознае ова издание.

    Идејата е овој фестивал да прерасне во препознатлив мајски настан во градот, а ја има поддршката од Општина Битола“, стои во соопштението од Општина Битола.

    Прочитај повеќе

    Измама во Тетово: Косовец ѝ префрлил 18.000 евра на жена која го излажала дека е бремена

    04.05.2026 во 11:14

    ВЛЕН: Се приближува крајот на една политичка илузија дека Албанците можат вечно да се држат поделени

    04.05.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.