Виничанец доби кривична пријава зашто две години не плаќал данок за фирмата
ОВР Виница поднесе кривична пријава Ј.Ѓ.(60) од Виница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
МВР информира дека пријавениот во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2019, во својство на управител на правно лице од с.Лаки, со непресметувањето и неплаќањето на даночните обврски кон Р. Северна Македонија го оштетил буџетот, стекнувајќи се со противправна имотна корист.
Лицето доби кривична пријава.
10.08.2022 - 17:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа