Општина Виница денеска го заокружува еден од своите позначајни инфраструктурни и капитални проекти со официјалното отворање на новиот градски пазар. На свеченото пуштање во употреба на овој нов комерцијален објект ќе присуствува и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Оваа посета ја потврдува владината посветеност за рамномерен регионален развој и поддршка на локалните проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

„По завршување на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.“

Exit mobile version