Полициски службеници од СВР Скопје ноќва приведоа 19-годишен жител на скопското село Бојане, под основано сомневање дека пред два дена со огнено оружје го лишил од слобода својот 18-годишен соселанец. Случајот во полиција го пријавил таткото на осомничениот, откако синот му признал за стореното тешко кривично дело.

Полицијата веднаш излегла на терен, по што биле пронајдени и клучните материјални докази во истрагата.

„На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане.“

Осомничениот веднаш е задржан во полициска станица, а по направениот увид, телото на починатиот млад човек е предадено на обдукција.

„Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен…, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството. По документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.“

Exit mobile version