Денеска не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност, но и со умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигне брзина и до 60 km/h.

Максималната температура во земјава ќе се движи во интервал од 27 до 34 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност, а во делови од котлината ќе дува повремено засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 33 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи ги објави и податоците за изминатото деноноќие, забележувајќи минимални врнежи во југозападниот дел од земјата.

„Количината на врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот изнесува 1 литар на квадратен метар (l/m²) во Охрид. Дадените вредности се измерени на дождомерните места на Управата“, информираат од УХМР.

Од Управата дополнително појаснуваат дека поради локалноста на атмосферските процеси, паднатата количина на воден талог во реалноста многу варира, па така на различни места низ регионот таа може да биде многу поголема од официјално измерената.

Exit mobile version