(ВИДЕО) Заменик-министерката за правда: И Егејците ќе влезат во Уставот
Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерката за правда, вчера во гостување на ТВ 24 спомна дека и „Егејците“ ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе поднесат барање.
– Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, Егејците и сите оние кои ќе поднесат барање – рече Мадиќ.
12.05.2023 - 11:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа